вторник, 31 март 2026

Ѓукановиќ избран за почесен шеф на црногорската ДПС

На десеттиот конгрес на црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС), кој вчера се одржа во Подгорица, за почесен претседател беше избран долгогодишниот лидер на таа партија Мило Ѓукановиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѓукановиќ од местото претседател на партијата, која ја предводеше од 1998 година, се повлече во април 2023 година откако беше уверливо поразен на претседателските избори од актуелниот црногорски претседател Јаков Милатовиќ. Водењето на партијата тогаш им го препушти на младите сили, предводени од претседателот на ДПС Даниел Живковиќ.

Живковиќ, одговарајќи на новинарско прашање по конгресот дали со поставувањето на Ѓукановиќ за почесен претседател е завршена реформата во ДПС, кажа дека мерка за реформите ќе дадат граѓаните на избори.

„Знам дека вкупното прашање на јавноста ќе биде врзано со улогата на Ѓукановиќ во ДПС. Ние денес го институционализиравме она што е пракса и во други партии, не само тука туку и во Европа – избор на почесен претседател“, кажа Живковиќ и додаде дек Ѓукановиќ за време на политичката кариера, и како премиер и како претседател на Црна Гора, учествувал во сите големи успеси на Демократската партија на социјалистите.

Ѓукановиќ беше претседател н ДПС од 1998 година, кога ја презема партијата од дотогашниот претседател Момир Булатовиќ.

Предводена од Ѓукановиќ ДПС ја водеше државата кон одвојувањето од Србија, односно осамостојувањето во 2006, а ја внесе земјата и во НАТО.

До парламентарните избори во 2020 ДПС, самостојно или во коалиција, имаше парламентарно мнозинство и ги предводеше сите црногорски влади.

На изборите во 2020 Ѓукановиќ го доживеа првиот пораз по 30 години власт и неговата партија замина во опозиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ