Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ истакна дека сите служби биле вклучени во операцијата за чистење, но дека тоа не е трајно решение.
„Министерството за надворешни работи долго време активно разговара со албанската страна бидејќи знаеме од каде доаѓа ѓубрето. Ги знаеме точните локации од кои морето го влече тоа ѓубре. Освен пластика и дрвја, таму има и животни“, кажа Франковиќ.
Večeras je more u Dubrovniku izbacilo tone smeća. 😥 pic.twitter.com/shCr81eLGt
— nemiposmatrač 🇷🇸🇪🇺 (@mavkoo) November 25, 2025
Тој додаде дека се надева дека министерството ќе успее, дури и во смисла на финансиската помош за Албанија, да се сопре ѓубрето на неговиот извор. „Тоа не е само интерес на Хрватска, туку и на Италија и Црна Гора. Сега трпиме финансиска штета“, кажа тој.
Блаж Пезо, градоначалник на Дубровничко-неретванската жупанија, предупреди дека истиот проблем се јавува во сите заливи свртени кон југоисток.
„Со фрлањето на тој отпад во морето, Албанија создава проблем за сите во Јадранско Море. Тоа е голем проблем, но се согласувам дека може да се реши само со прекугранична соработка. Колку што знам, планиран е и сателитски надзор на морето со цел да се обиде да се фати тој отпад додека е сè уште на отворено море. Можеби и тоа би било решение“, кажа Пезо.






