вторник, 30 декември 2025

Ѓорѓеску: Поништувањето на резултатите на претседателските избори во Романија е државен удар

Поништувањето на резултатите од првиот круг на романските претседателски избори од страна на Уставниот суд претставува државен удар, кажа независниот кандидат за претседател Калин Ѓорѓеску, кој освои најголем број гласови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека таа одлука не е само правен, туку е и политички акт и забележа дека правосудниот систем на републиката ја изгубил независноста и дека е подреден на политички налози.

Според него, демократијата не е предмет на ценкање, а моќта на народот е основата на демократската држава, бидејќи да се биде суверен значи да се почитуваат изборите на другите.

„Романците мора да продолжат да се борат за своите права. Денес сме на праг на нова етапа во историјата на оваа земја. Мораме да бидеме обединети, храбри и верни на идеалите на демократијата“, наведе Ѓорѓеску.

Уставниот суд на Романија денес ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори откако повторно ги разгледа жалбите на невладините организации, кандидатите и владините агенции. Во барањата сите се повикуваат на документите од кои беше тргната ознаката за тајност од страна на врховниот совет за безбедност на земјата, според кои во изборната кампања имало странско мешање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ