вторник, 6 мај 2025

Ѓоргеску со Такер Карлсон: Сакаа да почнат трета светска војна од Романија (ВИДЕО)

Моите постапки не претставуваат ништо друго освен несебично чувство на должност кон мојот народ и јас имам сон за слобода и достоинство за романскиот народ, изјави опозицискиот политичар во Романија Калин Ѓоргеску кој победи на поништените претседателски избори во таа земја. Нему му е забрането повторно да се кандидира.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон, тој додаде дека бил одбиен поради глобалистичката мафија која го контролира овој регион како колонија, како што тој опиша.

„Во овој регион дејствува разузнавачка група, истата онаа која се обиде да ја уништи кампањата на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп. Тоа беше истиот пристап кон различни теми вклучувајќи го и тоа што сум лажно обвинет за странско мешање, секако за руско мешање, точно како што беше и претседателот Трамп во минатото. За тоа, нормално, нема докази“, истакна Ѓоргеску.

Тој истакна дека целиот систем во Романија е 100 отсто контролиран однадвор.

Ѓоркесу кажа дека пред овие избори системот во земјата бил контролиран од страна на поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен, а по доаѓањето на Трамп целосно ги контролира Франција, така што всушност сегашен претседател на Романија е претседателот на Франција Емануел Макрон, односно, како што прецизираше, Макрон и Џорџ Сорос.

Тој истакна дека како претседателски кандидат бил аутсајдер и не можеле да го контролираат.

На прашањето на Карлсон каква улога играл Блинкен во романската политика, Ѓоргеску кажа дека сите знаат дека имало странско мешање во изборите, особено од страна на Блинкен и Маркон.

„Имаше странско мешање бидејќи ним не им треба слободна Романија. Морам да спомнам дека тука е најголемата воена база на НАТО, и тие сакаат да почнат трета светска војна од Романија“, кажа Ѓоргеску, истакнувајќи дека најдолгата граница со Украина ја има токму Романија.

Романија во оваа ситуација е многу важна стратегиска точка за Европската Унија, а за Макрон е стратегиски важно да почне војна, кажа Ѓоргеску.

На прашањето кој е неговиот следен потег, бидејќи е очигледно дека неговите противници сакаат да заврши во затвор, Ѓоргеску кажа дека веќе бил уапсен, но дека не се предава.

„Ако САД сакаат сојузници, вистински сојузници, треба да ги поддржат романските патриоти, а не бриселските бирократи. Уверени сме дека еден ден сè ќе дојде на свое место“, кажа Ѓоргеску.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ