вторник, 30 декември 2025

Ѓоргеску се појави на гласачкото место: Одлуката на Уставниот суд да го поништи гласањето е фатална за демократијата (ФОТО)

Романскиот десничарски претседателски кандидат Калин Ѓоргеску, кој се најде во центарот на скандалот околу наводното руско мешање во изборите се појави на местото на кое денес би гласал во вториот круг на претседателските избори, порачувајќи дека одлуката на Уставниот суд да го поништи гласањето е фатална за демократијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Уставниот суд на Романија на 6 ноември одлучи претседателските избори, чиј втор круг требаше да биде одржан викендов, да се поништат и да се одржат нови.

Судот порача дека владата треба да одлучи кога ќе се одржат новите избори.

Во вториот круг кој требаше да се одржи денес ќе се соочеа десничарот Ѓоргеску, кој победи во првиот круг, и прозападната центристичка кандидатка Елена Ласкони.

Ѓоргеску го дочека толпа поддржувачи и новинари во училиштето во кое требаше да гласа во вториот круг.

„Ќе продолжиме на демократски начин“, кажа тој на англиски.

„Јасно барам мир, за сè она што мора за да ја вратиме нашата демократија, бидејќи демократијата беше поништена од судот“, кажа Ѓоргеску.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ