среда, 31 декември 2025

Ѓоковиќ за студентските протести во Србија: Важно е да се слушне нивниот глас

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави синоќа на социјалната мрежа Икс дека е важно да се слушне гласот на студентите кои протестираат во Србија. Блокадите на факултетите во Белград, Ниш и Нови Сад трае неколку дена, а студентите не се откажуваат од барањето да се казнат одговорните за трагедијата во Нови Сад, каде во уривањето на натстрешницата на железничката станица загинаа 15 луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Многу познати личности им пружија поддршка на студентите, а синоќа Ѓоковиќ порача дека е со нив.

„Како некој кој длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, сметам дека е важно да се слушне нивниот глас. Србија има огромен потенцијал, а образованата младина е нејзината најголема сила. Она што на сите нам ни е потребно е разбирање и почитување. Со вас, Новак“, напиша Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ