недела, 7 декември 2025

Ѓилас: Вучиќ ја загрози независноста на Србија со признавањето дека прифатил сè што барале Русите

Претседателот на српската Партија за слобода и правда (ССП) Драган Ѓилас денес изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ сторил кривично дело загрозување на независноста на Србија, со тоа што во вчерашното обраќање признал дека прифатил сè што „руските пријатели“ побарале, што покажало дека не им служи на интересите на Србија, туку на другите земји.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ако ова, дека ги исполнивме сите желби на еден дел, ко-сопственикот на Нафтената индустрија на Србија (НИС), не е кривично дело, не знам што е“, кажа Ѓилас во интервју за телевизијата Нова, повикувајќи се на одредба од Кривичниот законик.

Тој истакна дека, „што се однесува до оваа ситуација, тоа го знаеме веќе една година“, бидејќи, како што потсети, во тоа време американската страна кажа дека НИС ќе потпадне под санкции, но „властите во Белград не направија апсолутно ништо“, туку „само ги потпишаа писмата составени од руската страна“.

„Така се најдовме во оваа ситуација денес, постепено станува јасно. Не само што сме загрозени од проблемот со нафтата, туку, како што првпат кажа гувернерот пред четири дена, ако воведат секундарни санкции, тогаш нема да има повеќе платни трансакции во Србија, банките нема да работат. Тоа е како да одите во продавница а таму пишува попис“, оцени Ѓилас.

Тој предупреди дека „ако платните трансакции престанат – животот во државата завршува“.

„Во моментов не знаеме дали има арапски инвеститор кој навистина сака да купи, не знаеме дали руската страна сака да го продаде својот дел, не знаеме ништо. Знаеме само дека Вучиќ очекува Американците да ја продолжат лиценцата за некое време, бидејќи тој го даде својот збор. Се надевам дека тоа не зависи од неговиот збор, бидејќи тој лаже и никој не му верува“, кажа Ѓилас.

„Се надевам дека американската страна навистина ќе ги даде тие 50 дена за нас, за Србија, за народот, за да имаме нормално снабдување со гориво, за да не растат цените“, додаде Ѓилас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ