сабота, 7 јуни 2025

Германските власти: Сојузниците на Киев мора одлучно да реагираат по последните руски напади

Германската влада ги повика сојузниците на Украина „одлучно да одговорат“ откако Русија изврши рекорден број напади со беспилотни летала врз Украина, при што загинаа 12 лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин „ги крши човековите права, тоа е навреда, вклучително и за американскиот претседател Доналд Трамп, кој направи толку многу за да го доведе Путин на преговарачка маса“, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул за јавната телевизија АРД.

„Не можеме да го прифатиме ова“, додаде шефот на германската дипломатија.

Украина денеска претрпе голем воздушен напад во кој загинаа најмалку 12 лица, само неколку часа пред последната размена на затвореници меѓу Русија и Украина.

Вадефул рече дека нападите покажуваат дека „Путин не сака мир, тој сака да ја продолжи војната и не треба да му се дозволи да го прави тоа“.

„Од оваа причина ќе одобриме нови санкции на европско ниво. Ова ќе биде финансиски болно за Русија“, додаде германскиот министер.

Европската Унија во вторникот официјално го усвои својот 17-ти пакет санкции против Москва, насочени кон околу 200 брода во нејзината „фантомска флота“ што Москва ја користи за да ги заобиколи ограничувањата на извозот на нафта.

„Се подготвуваат дополнителни санкции против Русија. Колку повеќе Русија ја води војната, толку поостар ќе биде нашиот одговор“, рече тогаш високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

Сепак, „нашата рака останува подадена. Украина е подготвена за преговори. Путин треба да седне на преговарачка маса“, рече германскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ