Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбаил пристигна во Киев во ненајавена посета, објави агенцијата Дпа.
По пристигнувањето во украинската престолнина, Клингбаил рече дека неговата цел е да разговара, во тесна координација со канцеларот Фридрих Мерц, за тоа како Германија може најдобро да ѝ помогне на Украина во евентуален мировен процес.
„Потребни се сигурни безбедносни гаранции за да се обезбеди долгорочен мир. Тесно ги координираме нашите активности на меѓународно ниво. Германија ќе ја исполни својата одговорност“, рече германскиот функционер.
За време на посетата, тој ќе разговара за безбедносни и политички прашања со претставници на украинската влада, Врховната рада и граѓанското општество.






