петок, 13 март 2026

Германскиот канцелар ја критикуваше одлуката на Трамп за ублажување на санкциите против Русија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше денес администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за привременото укинување на санкциите на руската нафта, во обид да се намалат нагло зголемените цени на енергијата поради нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран, објавува Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Доцна синоќа САД привремено ублажија дел од санкциите против Русија, дозволувајќи испорака и продажба на руската нафта блокирана на море.

„Сметаме дека е погрешно“, кажа Мерц, зборувајќи заедно со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

„Моментално има проблем со цените, но не и со снабдувањето. Затоа би сакал да знам кои други фактори ја наведоа американската влада да ја донесе оваа одлука“, кажа германскиот канцелар.

Мерц кажа и дека одлуката на американската администрација утрово дошла како изненадување и дека неговата надеж дека Вашингтон може да се воздржи од такви потези е разбиена, со оглед на тоа што за време на заедничкиот видео повик во средата, другите членки на Г7 силно апелирале до Трамп да не го намалува притисокот врз Москва.

„Сакаме да се осигураме дека Русија нема да ја искористи војната во Иран за да ја ослаби Украина. Исто така, нема да дозволиме Москва да го тестира НАТО на нејзиното источно крило и тука на север“, кажа Мерц.

Тој нагласи дека Германија, заедно со своите партнери од Г7 и Израел, работи на завршување на војната. Во исто време, го повтори стравот дека САД и Израел немаат јасна стратегија за завршување на конфликтот.

Со оглед на наглиот пораст на цените на енергијата, Мерц потсети на ослободувањето на меѓународните резерви на нафта во последните денови, вклучително и на германските, за што смета дека ќе помогне во ублажувањето на порастот на цените на енергенсите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ