среда, 9 јули 2025

Германскиот канцелар: Израел ја врши валканата работа за сите нас

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази силна поддршка на американските напади на иранската нуклеарна инфраструктура, оценувајќи дека „не беше опција да се остават нештата такви какви што беа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нема причина „да го критикуваме она што минатиот викенд го направија Соединетите Американски Држави. Да, тоа не е без ризик, но не беше опција да се остават нештата такви какви што беа“, кажа канцеларот на прес конференција во Берлин.

Истовремено тој ја повтори својата поддршка на израелската војна против Иран, откако претходно кажа дека Израел ја „врши валканата работа за сите нас“. Мерц оцени дека е јасно дека Иран бил на пат кон производство на нуклеарно оружје.

„Доказите дека Иран го продолжува својот пат кон изградба на нуклеарно оружје повеќе не можат сериозно да се оспорат“, истакна германскиот канцелар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ