четврток, 9 април 2026

Германски Шпигел: Трамп ѝ постави ултиматум на Европа околу Ормускиот теснец

Соединетите Американски Држави го зголемуваат притисокот врз европските сојузници да се вклучат воено во Ормускиот теснец. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги информирал европските влади дека американскиот претседател Доналд Трамп очекува конкретни ветувања за испраќање воени бродови или други воени капацитети во следните неколку дена. Политичките ветувања, како оние дадени од почетокот на војната, веќе не се доволни, пишува германски Шпигел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројни европски дипломати, кои биле информирани за сè по средбата на генералниот секретар на НАТО со Трамп, го опишуваат неговото барање како ултиматум. Во последните денови и Берлин сигнализираше начелна подготвеност за заедничка мисија, но германската влада поставува услови за тоа, како што се силен мандат на ОН и трајно примирје или договорено прекин на огнот.

Покрај барањата поврзани со Ормускиот теснец, Трамп врши притисок врз партнерите од НАТО и со други закани. Според извештаите на американските медиуми, се составува список на европски членки на Алијансата кои ја поддржаа војната против Иран и оние кои се спротивставија на неа. Се вели дека Трамп потоа има намера да ги повлече американските трупи од земјите кои одбија соработка.

Фокусот наводно е на Шпанија, чија влада им го ускрати на американските воздухопловни сили дури и правото за прелетување на борбените авиони и воздушните танкери.

Германија, од друга страна, не воведе никакви ограничувања за користењето на големите американски бази на нејзина територија од страна на САД. И покрај ова, Трамп ја етикетираше и германската влада како противник на војната, првенствено поради изјавата дека воената кампања „не е нивна војна“.

Иако автор на таа изјава беше министерот за одбрана Борис Писториус, Белата куќа веднаш му ја припиша на канцеларот Фридрих Мерц, кој вообичаено се изразува многу подипломатски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ