Конзервативниот лидер рече дека „треба да се направи сè за да се одржи нуклеарното вклучување на САД со години, дури и со децении“.
За време на прес-конференцијата со премиерот на Луксембург, Лико Фриден, во Берлин, Мерц рече дека нема конкретна иницијатива за европски штит и дека само ја прифатил понудата на Франција да разговара за тоа.
Канцеларот рече дека воспоставувањето нуклеарно одвраќање независно од САД „е задача со многу, многу долгорочна перспектива бидејќи има многу прашања што треба да се решат, кои секако го надминуваат периодот во кој прво мора да се подобрат одбранбените способности на Европа со постоечките структури“.
Минатата зима, Мерц побара разговори со нуклеарните сили Франција и Велика Британија за тоа дали Германија би можела да има корист од нивното нуклеарно оружје, барем од причини за нуклеарна безбедност.
Поради ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп кои поттикнуваат стравувања од повлекување на САД од обезбедувањето на Европа, Берлин сака да ги зајакне одбранбените капацитети на континентот, а Мерц рече дека Париз, Берлин и Лондон ќе разговараат за нуклеарно одвраќање, кое „нема да биде замена за безбедносните гаранции што САД ѝ ги нудат на Европа“.






