среда, 18 март 2026

Германската војска ќе помага во одбраната од дронови по инцидентот во Минхен

Германската армија планира да помогне во одбраната на цивилниот сектор од беспилотни летала со обезбедување административна поддршка на полицијата, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи неколку часа по големиот инцидент со неидентификуван дрон на аеродромот во Минхен, министерот кажа дека наскоро ќе презентира нов нацрт-закон за безбедност на воздушниот сообраќај.

Опасноста од беспилотни летала расте, не само поради зголемувањето на нивниот број, туку и поради квалитетот на уредите, според Добриндт.

Тој наведе дека беспилотни летала со распон на крила до осум метри биле видени во германската покраина Шлезвиг-Холштајн. Сепак, министерот не откри детали за видот и бројот на беспилотни летала кои биле забележани во близина на аеродромот во Минхен претходниот ден.

Прашањето за одбраната од беспилотни летала и миграцијата ќе биде на дневен ред за време на викендот со европските колеги на Добринт.

Меѓу другото, ова вклучува развој на европски план за откривање и одбрана од беспилотни летала.

„Постои трка помеѓу заканата од беспилотни летала и одбраната од беспилотни летала“, кажа министерот, додавајќи дека двете мора да бидат избалансирани.

Федералната и покраинските влади препорачуваат формирање заеднички центар за одбрана од дронови во Германија, со присуство на вооружените сили.

Центарот ќе биде одговорен за анализа на заканите, заедничка комуникација и координирање на соодветен одговор. Исто така, ќе биде потребно да се направи разлика помеѓу конкретните закани и обидите за провокација, кажа тој.

Полицијата вчера објави дека неколку лица пријавиле дека виделе дрон во близина на аеродромот во Минхен, еден од најпрометните во Германија, а подоцна беше објавено дека дронот е забележан на теренот на самиот аеродром.

Сè уште не е јасно дали станува збор за еден или за неколку дрона.

Пистите на аеродромот беа затворени како мерка на претпазливост, што влијаеше на околу 3.000 патници. Летовите денес се одвивале редовно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ