четврток, 25 декември 2025

Германската и српската полиција уапсија 10 лица, запленија кокаин, оружје, пари…

Десет члена на организирана криминална група што шверцувала кокаин низ Европа се уапсени во координирана акција на германската и српската полиција, која вчера беше спроведена со поддршка на агенцијата на ЕУ за соработка за кривична правда, Европравда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на денот претресени се околу 30 локации во Србија и Германија, запленети се шест килограми кокаин, неколку автомобили, оружје, муниција, луксузни рачни часовници, најмалку 60.000 евра во кеш, уред за откривање на прислушувани комуникации, но и неколку мобилни телефони и лаптопи.

Тој клан, наводно, од 2022 година од Холандија шверцувал кокаин во регионот Рајна-Мајна, а во неколку кафулиња продавале дрога.

До тие локации кокаинот се транспортирал со автомобили со скриени прегради, т.н. бункери, а курири ја превезувале дрогата во Србија, како и во земји од Европската Унија и трети земји.

Европравда соопшти дека меѓу уапсените има наводни организатори, курири и улични дилери.

Српскиот дел од таа криминална група „работел“ од кафуле во Сремска Митровица.

Европравда ги поддржа германските и српските власти во формирањето и финансирањето на заеднички истражен тим, чиј фокус била таа организирана криминална група, а Агенцијата објаснува дека вчера на терен во Германија и Србија биле распоредени околу 400 полицајци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ