среда, 18 март 2026

Германија во канџите на моќната компанија за оружје

Шефот на австралиската одбранбена индустрија ги критикуваше „моќта и влијанието“ на Рајнметал откако германската компанија за производство на оружје беше избрана да развие ласерска технологија против дронови која, како што вели, неговата компанија веќе може да ја испорача.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Андреас Швер, извршниот директор на компанијата Електро оптик системс, вели дека бил разочаран кога минатиот месец дознал за плановите да му се дадат 390 милиони евра на производителот на тенкови и артилерија за развој на три прототипи на ласерски системи за германската морнарица преку „директно доделување“ без отворен тендер.

Швер вели дека одлуката на германската агенција за набавки, која доаѓа во време кога европските земји се тркаат да ги пополнат празнините во нивната одбрана, не е исплатлива.

„Набавката од еден извор, без отворен тендер, не може да биде во интерес на германските даночни обврзници“, изјави тој за Фајненшл тајмс.

Еелектро оптик системс, вели тој, веќе произведува многу помоќни ласери. „Можеме да понудиме двојно поголема моќност за помалку од половина од цената за половина  од времето“, кажа Швер.

Компанијата со седиште во Канбера, која има германска подружница, оваа година потпиша договор од 71 милион евра со Холандија за да ја обезбеди земјата со нејзината технологија. Исто така, е во преговори со неколку други земји-членки на НАТО.

Најголемата економија во Европската Унија планира да потроши 650 милијарди евра за одбраната во текот на следните пет години, до 2029 година – повеќе од дупло од она што го потроши од 2020 до 2024 година.

Рајнметал е најголемиот производител на оружје во Германија и е во процес на експанзија поради растот на военото трошење во нејзината матична земја.

Швер, кој е поранешен извршен директор на Рајнметал, кажа дека директното доделување на договорот е резултат на „пазарната моќ на Рајнметал“, додавајќи дека „чистата економска моќ и влијанието“ ја направила германската држава доста зависна од компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ