петок, 25 јули 2025

Германија ветува дека ќе има најмоќна армија во Европската Унија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини денес во Берлин Русија за тероризам за најновите напади врз наводни цивилни цели во Украина, на маргините од прославата на 70-годишнината од влегувањето на Германија во НАТО, каде што германските политичари ги истакнаа своите амбиции да преземат водечка улога во рамките на западниот воен пакт.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа бевме сведоци на најтешките бомбардирања и ракетни напади од почетокот на војната. Ова е тероризам насочен против цивилни цели. Тоа повеќе нема никаква врска со војна против воени цели“, оцени Мерц по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

На церемонијата по повод 70-годишнината од влегувањето на Германија во НАТО, Мерц нагласи дека неговата „влада ќе направи сè за да го направи Бундесверот најсилната конвенционална армија во рамките на Европската унија, како што се очекува од нас како најголема европска економска сила“.

Според него, во наредните години, Германија ќе ја преземе водечката улога во „зајакнувањето на столбовите на НАТО во Европа“.

Мерц пред присутните гости кажа дека НАТО покажало решителност и единство во историските моменти. „Овој сојуз дише, живее и ја носи нашата колективна безбедност“, оцени тој.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, исто така, најави зајакнување на улогата на Германија во рамките на НАТО.

„Руската агресија врз Украина дефинитивно го исфрли секое прашање за смислата на постоењето на НАТО… и ние заеднички ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО“, кажа германскиот министер за одбрана.

На 6 мај 1955 година, помалку од десет години по капитулацијата на нацистичка Германија, Германија стана 15-та членка на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ