петок, 19 декември 2025

Германија тврди дека руски сателити ги ловат нивните воени сателити

Министерот за одбрана на Германија Борис Писториу предупреди дека руските сателити ги следат воените сателити кои ги користат Германија и нејзините сојузници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На конференција во Берлин Писториус кажа дека два руски надзорни сателити почнале да ги „прогонуваат“ сателитите на Интелсат кои ги користат германските оружени сили, како и други земји. Тој додаде дека ова е јасен знак за руска агресија.

„Русија и Кина брзо ги проширија своите капацитети за вселенско војување во последниве години. Тие можат да ги блокираат сателитите, да ги заслепат, да ги манипулираат или кинетички да ги уништат“, кажа Писториус.

Тој повика на разговори за развој на механизам за одвраќање во вселената за да се заштити безбедноста на сателитската инфраструктура.

Германскиот министер за одбрана истакна дека капацитетите на Русија и Кина во вселената станале една од најголемите безбедносни закани за Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ