петок, 23 мај 2025

Германија: Мерц не е избран за канцелар во првиот круг од парламентарните избори

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди парламентарното мнозинство потребно за да стане канцелар во првиот круг гласање во вторникот, објави Ројтерс, што претставува неочекуван неуспех за неговата нова коалиција со централно-левичарските социјалдемократи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мерц (69), кој ја предводеше својата конзервативна ЦДУ/ЦСУ до победа на федералните избори во февруари и обезбеди коалициски договор со централнолевичарските социјалдемократи (СПД), освои само 310 гласа во долниот дом на парламентот, рече претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Му беа потребни 316 за да обезбеди мнозинство.

Клокнер рече дека ја прекинува парламентарната седница за да можат пратеничките групи да се консултираат како понатаму.

Долниот дом на германскиот парламент, или Бундестагот, сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство – и веќе во вторник би можел да се обиде повторно да гласа.

Конзервативците на Мерц победија на националните избори во февруари со 28,5 отсто од гласовите, но им треба најмалку еден партнер за да формираат мнозинска влада.

Во понеделникот тие потпишаа договор за коалиција со централно-левичарските социјалдемократи, кои освоија само 16,4 отсто од гласовите, што е нивен најлош резултат во германската повоена историја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ