петок, 30 мај 2025

Германија ја прогласи АфД за десничарска екстремистичка група

Германската домашна разузнавачка агенција ја прогласи партијата Алтернатива за Германија (АфД) за десничарска екстремистичка организација.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата, наречена Федерална канцеларија за заштита на Уставот (БфВ), соопшти дека сега ја потврдила оваа квалификација за АфД бидејќи, според неа, сега има конкретни докази дека антимигрантската партија, основана во 2013 година, следела цели што го загрозуваат демократскиот поредок на Германија.

„Разбирањето на партијата за народот, врз основа на етничка припадност и потекло, е некомпатибилно со демократскиот и слободен поредок“, соопшти агенцијата.

Позициите на партијата и лидерот на АфД ги прекршуваат уставните принципи за неповредливост на човечкото достоинство, изјавија заменик-претседателите на агенцијата, Синан Селен и Силке Вилемс.

АфД, која беше втора на последните парламентарни избори одржани оваа година во Германија, претходно имаше статус на „сомнителна“ екстремистичка група. Партијата ја оспори оваа квалификација на агенцијата на суд, но без успех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ