„Германската влада се враќа на принципот на проверка на секоја дозвола за извоз на оружје и ќе реагира според развојот на настаните“, кажа Корнелиус.
Во август, канцеларот Фридрих Мерц делумно го блокираше извозот на оружје кое Израел би можел да го користи во воените операции во Појасот Газа, наведувајќи ја како причина хуманитарната ситуација во палестинската енклава.
Берлин сега објави и дека „целосно го поддржува“ прекинот на огнот кој стапи на сила во Газа на 10 октомври, а израелските сили речиси секојдневно го прекршуваат.
Мерц претходно во неколку наврати изјави дека „не ја разбира“ целта на израелската армија во Газа, што предизвика критики од неговата демохристијанска унија. Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), помал партнер во блокот ЦДУ/ЦСУ, се спротивстави на блокадата на извозот, а израелската влада реагираше со негодување.
Поради својата историска одговорност, Германија одржува посебни односи со Израел, а безбедноста на таа земја постојано се опишува како германски национален интерес.
Од почетокот на геноцидот во Појасот Газа во Германија се одржаа бројни протести со кои се бара Берлин целосно да ја прекине поддршката за Израел и владата на Бенјамин Нетанјаху.






