Израел за време на војната во енклавата тврдеше дека помогнал во испораката на десетици илјади камиони со помош, дека Палестинците добивале доволно храна и ги обвини ОН дека не ги зголемуваат своите дистрибутивни и логистички операции.
Земјите-членки на Генералното собрание на ОН гласаа за барање советодавно мислење, кое иако не е обврзувачко, може да го зголеми притисокот врз одделни земји.
Ова се случи во јули кога беше изгласано Израел целосно да се повлече во рок од една година од окупираниот Западен Брег и анектираниот источен Ерусалим, потсетуваат израелските медиуми.
Резолуцијата со која се бара мислење од МСП беше предложена од Норвешка и поддржана од Египет, Јордан, Катар и Саудиска Арабија, меѓу другите. За неа гласаа 137 земји, 12 беа против, а 22 беа воздржани.
Од МСП беше побарано да размисли што мора да направи Израел за да обезбеди и олесни непречена испорака на итни резерви од клучно значење за опстанокот на палестинското население.
Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, го критикуваше гласањето, велејќи дека „пристрасноста не престанува“.






