среда, 21 јануари 2026

Газпром: Европа веќе потрошила две третини од гасот од складиштата

Европа интензивно го троши гасот од подземните складишта и веќе повлекла повеќе од две третини од количеството кое било подготвена за грејната сезона, објави руската енергетска компанија Газпром.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Европа активно троши гас од складиштата. Досега се повлечени 33,8 милијарди кубни метри гас, што претставува повеќе од две третини (67,5 проценти) од количеството што беше складирана како дел од подготовките за грејната сезона“, се наведува во соопштението објавено на Телеграм каналот на Газпром.

Според податоците од компанијата Гасна инфраструктура на Европа (ГИЕ) од 18 јануари, количеството гас во европските подземни складишта паднало на 49,8 проценти. Се забележува дека во 2025 година истото ниво е забележано дури три недели подоцна, што укажува на побрза потрошувачка на гас оваа зима.

Се известува дека залихите на гас во Холандија паднале на 35,4 проценти, во Германија на 42,2 проценти, додека во Франција се намалени на 41,7 проценти.

Во услови на зголемена потрошувачка на гас од складиштата, цените на гасот за следниот ден во Германија се зголемија за 26 проценти од почетокот на годината и достигнаа највисоко ниво од јуни 2025 година.

Капацитети за складирање низ целиот блок беа полни само 83 проценти кога почна овогодишната грејна сезона на 13 октомври. Во земјите со големи капацитети за складирање, како што се Германија и Холандија, први и трети по големина во Европа по капацитет, залихите наводно изнесувале само 76, односно 72 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ