Повеќе од половина од жртвите се деца.
Серија напади се случија синоќа, во различни области на Појасот Газа, изјави портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.
Израелската војска вчера соопшти дека „започнала напади од големи размери и испратила војници да преземат контрола врз области“ во Газа.
Целта е „ослободување на заложниците и пораз на Хамас“, се наведува во соопштението на армијата.
Палестинскиот Хамас држи заложници од октомври 2023 година, по нападот врз Израел што предизвика воена офанзива од таа земја.