Во 1916 година, САД со декларација изјавиле дека „нема да се противат“ на проширувањето на интересите на Данска на Гренланд.
„Пристапувајќи на денешното потпишување на Конвенцијата за отстапување на данските Западноиндиски острови на Соединетите Американски Држави, долупотпишаниот државен секретар на САД, соодветно овластен од неговата Влада, има чест да изјави дека Владата на САД нема да се спротивстави на тоа данската Влада да ги прошири своите политички и економски интереси на целиот Гренланд“, пишува во декларацијата на конвенцијата за размена.
Документот е потпишан во Њујорк, на 4 август 1916 година, а во име на Соединетите Американски Држави го потпишал државниот секретар Роберт Лансинг.
Гардијан пишува дека Трамп во писмото кое неодамна му го испратил на норвешкиот премиер Јонас Гар Шторт го тврди спротивното: „Данска не може да ја заштити таа земја од Русија или Кина, а зошто воопшто имаат „право на сопственост“? Не постојат пишани документи, само се знае дека таму пред сто години се вкотвил брод“.






