недела, 7 декември 2025

Функционер на Хамас: Нема да го потпишеме договорот за прекин на огнот во Газа

Делегација на Хамас нема да учествува во потпишувањето на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави денес член на политичкото биро на милитантната палестинска група.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до официјалното потпишување, ние нема да бидеме присутни“, изјави за агенцијата Франс прес функционерот Хосам Бадран.

Тој додаде дека Хамас за време на новите преговори за склучување примирје со Израел дејствувал „преку катарски и египетски посредници“.

Друг функционер на Хамас денес објави дека разоружувањето на групата „не доаѓа предвид“, иако тоа е предвидено во договорот од 20 точки во кој посредуваа Соединетите Американски Држави, а кој го предложи нивниот претседател, Доналд Трамп.

Според договорот Хамас треба да ослободи 48 заложници до понеделник наутро, односно да ги предаде нивните тела на Израел, а израелските власти треба за возврат да ослободат 250 затвореници уапсени „од безбедносни причини“, како и 1.700 Палестинци приведени од армијата во Појасот Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ