четврток, 19 март 2026

Функционер на албанската влада сменет бидејќи пушел во ресторан во САД

Министерката за внатрешни работи на Албанија Албана Кочиу потврди дека го сменила својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во еден ресторан во Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кочиу на Фејсбук напиша дека го сменила Анди Махила врз основа на пријава на државјанин на Албанија кој живее во Њујорк, каде Махила бил во посета, дека во ресторан испушил цигара „што предизвикало вознемирување меѓу присутните“.

Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ