вторник, 3 февруари 2026

ФТ: Украина се согласи со повеќеслоен план за спроведување прекин на огнот со Европа и САД

Според предлогот, секое руско прекршување на прекинот на огнот би предизвикало реакција во рок од 24 часа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно руско прекршување на иден договор за прекин на огнот ќе предизвика координиран воен одговор од Европа и САД, објави денеска Фајненшл тајмс, повикувајќи се на лица запознаени со разговорите.

Ројтерс не можел веднаш независно да ја потврди оваа информација.

Планот бил разгледуван во повеќе наврати во декември и јануари меѓу украински, европски и американски претставници и би вклучувал повеќеслоен одговор на секое прекршување на договореното примирје од страна на Русија, се наведува во извештајот.

Претставници од Киев, Москва и Вашингтон ќе се сретнат во Абу Даби на 4 и 5 февруари на разговори насочени кон завршување на војната, објави Фајненшл тајмс.

Според предлогот, секое руско прекршување на прекинот на огнот би предизвикало реакција во рок од 24 часа, почнувајќи со дипломатско предупредување и, доколку е потребно, со дејствување на украинската армија за запирање на прекршувањето, наведува весникот.

Доколку непријателствата продолжат и по тоа, предлогот би преминал во втора фаза на интервенција со употреба на сили од таканаречената „коалиција на спремните“, која вклучува многу членки на Европската Унија, како и Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд и Турција, се наведува во извештајот.

Во извештајот се додава дека, во случај на проширен напад, 72 часа по првичното прекршување би бил активиран координиран одговор од сила поддржана од Западот, во која би била вклучена и американската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ