недела, 7 декември 2025

ФСБ: Спречивме атентат на гробишта, мета бил Шојгу

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека пред неколку дена спречила атентат врз висок руски функционер, односно експлозијата која требало да биде изврши на гроб на неговите најблиски на московски гробишта со помош на видеокамера скриена во вазна со цвеќе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руските медиуми објавија дека цел на нападот бил главниот советник за безбедност на претседателот на Русија и поранешен министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Федералната служба за безбедност спречи терористички чин планиран од специјалните служби на Украина против еден од највисоките функционери на руската држава кога тој го посетил погребот на блиски роднини на гробиштата Тројекуровски“, објави ФСБ, без да го именува службеното лице. Уапсени се вкупно три лица, сопружници од Русија и еден мигрант од Централна Азија.

Според ФСБ, украинските безбедносни служби регрутирале нелегален мигрант од Централна Азија, двајца претходно осудени руски наркомани приведени во Москва и Шамса Курбанович, роден во 1979 година и жител на Киев, кој е баран во Русија за убиство и нелегална трговија со оружје.

ФСБ соопшти дека комуникациските уреди запленети од осомничениот содржеле преписка со украински офицер на специјалните служби преку Ватсап и Сигнал. ФСБ, исто така, извести за откривање на камера за надзор во вазна со цвеќе, опремена со далечински управувач, која требало да се користи во нападот.

„Според податоците на ФСБ, украинскиот режим, дејствувајќи под водство на западните специјални служби, подготвува слични злосторства во други руски региони“, наведува ФСБ. Се предупредува дека „украинските специјални служби продолжуваат активно да бараат потенцијални извршители на терористички напади и саботажи преку интернет, вклучувајќи ги социјалните мрежи и платформите за пораки како што се Телеграм и Ватсап“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ