петок, 13 март 2026

Француски весник: Кадифената револуција против корупцијата во Бугарија е надеж за демократите во Европа

Бугарија влезе во еврозоната среде политичка криза и „кадифена револуција која е добра вест за демократите во Европа“, објави денес францускиот бизнис весник Лезеко.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лезеко, како и некои други медиуми во Европската Унија, верува дека „кадифената револуција“ предводена од студентите е спроведена против широко распространетата корупција – доказ дека Бугарите се претежно посветени на европските демократски вредности.

Медиумските извештаи во ЕУ, исто така, укажуваат дека во исто време „стравот од инфлацијата и скоковите на цените е видлив кај населението и само 46 проценти од Бугарите сметале дека приклучувањето кон еврото ќе значи подобрување за народот“.

Големите демонстрации на граѓаните, предводени од студентите, во ноември и декември тешко ја разнишаа владата во Софија, која конечно поднесе оставка поради опипливи обвинувања за корупција и клиентелизам во владиниот систем, според медиумите во ЕУ.

Стотици илјади млади луѓе и граѓани демонстрираа во Софија и другите бугарски градови, а видливо беа истакнати слогани со натпис „Студенти против корупцијата“.

Во пресрет на падот на владата, огромна маса демонстранти, носејќи бугарски знамиња, излегоа на улиците и плоштадите и „беше јасно дека и средната класа масовно учествуваше во протестите“, според известувачот на Лезека од Софија.

Жестоките критики, додава францускиот весник, беа особено насочени кон сега веќе поранешниот премиер, олигархот Делјан Пеевски, против кого дури и Американците воведоа санкции, а најмногу замерки имаше за тоа дека премиерот е подложен на корупција и дека го контролира Министерството за правда и дејствувањето на обвинителите на најодговорни позиции, како и полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ