четврток, 22 јануари 2026

Француски специјалци упаднале на руски танкер во Медитеранот (ФОТО)

Француската морнарица, дејствувајќи врз основа на британски разузнавачки информации, денес пресретна танкер кој превезувал руска нафта во Средоземно Море. Оваа акција е насочена против санкционираната руска „флота во сенка“, објавија официјални лица, а пренесува Асошиејтед прес.

Фото: Француска војска

Објавено на

часот

Сподели

Француските поморски власти за Средоземјето соопштија дека бродот Гринч бил осомничен дека пловел под лажно знаме. Француската морнарица, чии специјални сили се качиле на танкерот, го следела бродот до пристаниште за дополнителни проверки, се додава во соопштението за медиумите. Приходите од нафта се клучен дел од руската економија, што му овозможува на претседателот Владимир Путин да инвестира во воените напори против Украина без да ја влоши инфлацијата за населението и да избегне колапс на валутата.

Франција и други земји порачаа дека ќе се справат со „флотата во сенка“ од танкери за нафта која ги крши санкциите, а експертите проценуваат дека таа брои повеќе од 400 бродови. Тие исто така се обидуваат да се договорат со земјите под чии знамиња пловат бродовите за да го олеснат качувањето.

„Решени сме да го почитуваме меѓународното право и да обезбедиме ефикасно спроведување на санкциите“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во соопштението за пресретнувањето, со фотографија на која се гледа француски хеликоптер како лебди над бродот. „Активностите на „сенката флота“ придонесуваат за финансирање на агресивната војна против Украина“, додаде Макрон.

Француската мисија е спроведена во соработка со Британија, која ги собрала и споделила разузнавачки информации кои го овозможиле пресретнувањето, според француски воени претставници кои дале изјава за Асошиејтед прес под услов на анонимност.

Според нив, бродот пловел под лажното знаме на Коморски Острови, архипелаг покрај источниот брег на Африка, а екипажот бил индиски. Бродот бил пресретнат во западниот Медитеран, недалеку од јужниот шпански крајбрежен град Алмерија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ