четврток, 18 декември 2025

Француски портал: Нема зборови кои можат да опишат што се случува во Газа

Два дена по влегувањето на израелските тенкови во градот Газа, неколку стотини илјади луѓе избегале, но многумина тоа не го можат или не го сакаат туку се обидуваат да преживеат во хаосот и паниката, пренесува францускиот портал Медијапар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Градот Газа е речиси отсечен од светот, нема повеќе интернет, струја, освен ако некој има генератор или соларен панел, под услов да не е оштетен од израелските напади додека парчиња бетон паѓаат од секое бомбардирање.

Комуникацијата е многу отежната во тој град, или во она што останало од него по интензивните воздушни напади и почнувањето на копнената офанзива.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац неодамна ја опиша ситуацијата со веќе познатата реченица „Газа гори“ и кажа дека офанзивата ќе продолжи сè додека не биде уништено палестинското движење Хамас, чиј упад во израелска територија во октомври 2023 година ја почна одмаздничката војна на Израел.

Покрај тоа што во газа, според израелската армија, сè уште има борци на Хамас чија воена инфраструктура е главно уништена, во тој град според податоците на Обединетите нации имало 1,2 милиони жители, наведува Медијапар.

Еден палестински новинар објаснил за Медиапар дека преостанатото население во Газа поради немањето комуникациски врски дури и не знае каде одат израелските тенкови по градот.

Новинар кој успеал да воспостави врска со Медијапар раскажал дека има многу гласини, непроверени информации и ширење паника за време на постојаното бомбардирање.

Многу од оние кои останале велат дека немаат каде да одат, ниту пари за тоа, бидејќи самото заминување чини многу.

Оние што заминуваат обично го товарат она што им останало на автомобили или запрежни коли влечени од изнемоштени коњи и магариња и тргнуваат долж морето, оставајќи ги зад себе уништените домови низ кои буквално се движат израелски оклопни возила.

Тие роботски борбени возила со експлозив, контролирани од далечина, се насочуваат кон станбените згради и ги уништуваат со експлозија. Израелците користат и специјални беспилотни летала кои населението ги нарекува „летачки роботи-убијци“.

Еден млад Палестинец раскажал дека живеењето во Газа значи постојано да се биде во голем страв, секој час, секоја минута, а „тоа е пекол“ – вели тој.

„Кога велам пекол, тоа е под состојбата на реалноста. Не мислам дека ниту еден јазик во светот има зборови да го опише она низ што минуваме. Смртта е постојано околу нас, не престануваат нападите со сите тие направи за убивање. Бегаме за време на пожар, одиме на друго место и таму сè е исто“, вели овој Палестинец.

Порталот Медијапар е во редовен контакт со него и наведува дека никогаш не зборувал толку избезумено и исплашено како сега.

Францускиот портал пренесе дека во болниците каде што има лекари од меѓународната невладина организација Лекари без граници (МСФ), некои пациенти одбиваат да заминат кога ќе се најави бомбардирање бидејќи не сакаат повеќе да бегаат, туку да умрат каде што се.

Членовите на РСФ навеле дека во последните денови имало помалку ранети, а повеќе мртви, и дека мртвите секојдневно се бројат на стотици.

Медијапар пишува дека поради она што се случува во Газа и каква е таму ситуацијата, семејствата на Израелците кои речиси две години се држат како заробеници од Хамас стравуваат дека нема да бидат пронајдени живи, иако декларираната цел на армијата е да ги ослободи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ