вторник, 6 мај 2025

Француски министер: Лажното велигденско примирје на Путин беше медиумски трик за Трамп

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека Велигденскиот прекинот на огнот меѓу Русија и Украина е „операција на шармирање“ насочена кон актуелниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Политико. Во разговор за радиото Франс инфо, Баро рече дека рускиот претседател Владимир Путин во саботата исклучиво од формалност го најавил привремениот прекин на огнот, за кој Киев веднаш рече дека Москва неколку пати го прекршила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Велигденското примирје што Путин го објави по малку ненадејно беше маркетиншка операција, операција на шармирање, со цел да се спречи претседателот Трамп да стане нетрпелив и лут“, изјави Баро за Франс инфо.

Обидите на Трамп да поттикне мировни преговори меѓу Русија и Украина се во застој, па тој дури изјави дека е „бесен“ на Путин, а го критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Москва го отфрли предлогот на Украина за целосен прекин на огнот и постави долга листа на дополнителни прашања и услови, а во исто време постојано го прекршува договорот според кој украинската инфраструктура не треба да биде напаѓана 30 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ