среда, 17 декември 2025

Франција воведува мерки против еднократната или брза мода

Француските власти денеска најавија дека ќе воведат мерки против „брзата мода“, минливата мода по намалени цени, поттикната од увозните производи што влијаат врз животната средина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тие мерки, кои ќе вклучуваат финансиски казни, забрането рекламирање и подобро информирање на потрошувачите, денеска добија зелено светло на собраниска комисија.

Предлог-законот на претседателското мнозинство доби одобрение од Комисијата за одржлив развој на Долниот дом на францускиот парламент, кој ќе го разгледа ова прашање на седница на 14 март.

Во текстот се предлага во цените на таквата облека да се вклучат и еколошките трошоци од ваквото прекумерно производство, бидејќи се троши многу вода и таа облека е извор на загадување, пренесува Франс прес.

Максималната казна може да достигне десет евра по производ до 2030 година, со плафон од 50 отсто од продажната цена без данок. Овие казни би биле прераспределени во секторот за облека за да се финансира производството на одржлива облека.

Една од мерките е забрана за рекламирање производи и компании за брза мода.

Меѓу мерките е и обврската за веб-страниците што продаваат „мода за еднократна употреба“ да прикажуваат информации за влијанието на нивните производи врз животната средина.

Мерките беа поттикнати од производството на кинеската компанија Шеин, која во просек нуди 7.200 нови модели на облека или 900 пати повеќе производи од традиционалниот бренд во Франција, каде што текстилната индустрија е во проблеми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ