недела, 13 јули 2025

Франција: Тешко е да се бара Европа повеќе да троши на одбраната додека САД водат трговска војна

Кабинетот на претседателот на Франција објави пред самитот на НАТО кој ќе се одржи следната недела во Холандија дека од Европејците не може да се бара драстично да ги зголемат трошоците за одбрана додека САД водат „трговска војна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неименуван советник на претседателот Емануел Макрон им изјави на новинарите дека „кога бараме напор од населението, тешко е истовремено да се води трговска војна бидејќи не смееме да заборавиме дека луѓето чии дневни потреби се поскапи поради трговската војна се истите оние кои се даночни обврзници и од кои ќе мора да бараме напор“ за вооружувањето.

Лидерите на земјите од Северноатлантската алијанса ќе се сретнат во Хаг во вторник и среда, каде што се очекува да разговараат за зголемување на нивните трошоци за одбрана и безбедност на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП): 3,5 отсто за воени трошоци и 1,5 отсто за безбедносни трошоци во најширока смисла.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, првично предложи тоа да се одложи до 2032 година, а неколку земји сметаат дека тој рок е нереален, „за во рамки на Алијансата да се води дискусија за оваа цел до 2035 година“ и тоа „со клаузула за среднорочна ревизија во 2029 година“, објави кабинетот на претседателот на Франција и додаде дека на маса ќе биде тој предлог да биде до 2035 година.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денес оцени дека давањето пет отсто од БДП за вооружување е „неразумно“.

Досега, барањето за трошоци за одбрана од страна на членките на НАТО беше два отсто од БДП, а на некои земји им беа потребни години за да го достигнат тоа.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, инсистира европските сојузници да направат повеќе за да ја преземат одговорноста за сопствената безбедност.

„Тоа зголемување мора да се случи не затоа што некој нè бара да го сториме тоа, туку затоа што си го должиме тоа самите на себе. Во областа на безбедноста, Европејците долго време се слепи патници“ покрај САД, кажа советникот на Макрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ