понеделник, 15 декември 2025

Франција: Ќе ја признаеме палестинската држава во септември, САД: Непромислена одлука

Американскиот државен секретар Марко Рубио, вчера изјави дека Вашингтон го отфрлил планот на францускиот претседател Емануел Макрон за признавање на палестинска држава, нарекувајќи го планот на Макрон „непромислена одлука“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа непромислена одлука служи само за пропаганда на Хамас и го уназадува мирот“, напиша Рубио во објава на социјалната мрежа Икс.

Амбасадорот на Вашингтон во Израел Мајк Хакаби во јуни изјави дека не мисли оти независна палестинска држава останува цел на американската надворешна политика.

Франција ќе ја признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, објави вчера францускиот претседател Емануел Макрон на социјалните мрежи, предизвикувајќи жестоки критики од Израел и задоволство кај Палестинците.

„Верен на мојата историска посветеност на праведен и траен мир на Блискиот Исток, одлучив Франција да ја признае државата Палестина. Ќе го дадам официјалното соопштение на Генералното собрание на Обединетите нации во септември“, напиша францускиот шеф на државата на Икс и Инстаграм.

До денес, најмалку 142 земји ја признале палестинска држава, според АФП. Соединетите Американски Држави и Израел одлучно се спротивставуваат на таков проект.

„Итна потреба денес е да се стави крај на војната во Газа и да се спаси цивилното население“, нагласи францускиот претседател на Икс.

Во овој контекст, „конечно мора да изградиме палестинска држава, да ја обезбедиме нејзината одржливост и да обезбедиме дека со прифаќање на нејзината демилитаризација и целосно признавање на Израел, таа ќе придонесе за безбедноста на сите на Блискиот Исток“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ