четврток, 9 април 2026

Франција ја обвини Унгарија за предавство со Русија

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ја обвини Унгарија за „предавство на солидарноста која е потребна меѓу земјите од Европската Унија“ откако беа објавени нови информации за контактите на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинувањата следат откако конзорциум истражувачки новинари дошле до посед на снимки на кои се слуша како Сијарто му нуди на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да испрати документ за пристапувањето на Украина во ЕУ.

Лавров претходно изјави дека Москва се обидува да добие документ во врска со улогата на малцинските јазици во преговорите за пристапување на Украина. „Ќе ви го испратам. Нема проблем“, наводно одговорил Сијарто.

„Ова е предавство на солидарноста која е потребна меѓу земјите од Европската Унија“, изјави Баро за радио станицата Франс интер. „Ако сакаме да бидеме силни во свет каде што се креваат нови империи, мора да бидеме обединети и солидарни“, додаде тој. Унгарија беше критикувана и во средата од полскиот премиер Доналд Туск, кој ја нарече снимката „навистина шокантна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ