„Моќните ги казнуваат оние кои зборуваат во име на немоќните, тоа не е знак на сила, туку на вина“, напиша таа на својот профил на мрежата Икс.
Во исто време, таа ги повика меѓународните набљудувачи да се фокусираат на кризата во Газа.
„Сите очи мора да бидат насочени кон Газа, каде што децата гладуваат во рацете на своите мајки, додека нивните татковци, браќа и сестри се бомбардирани и разнесени на парчиња додека бараат храна“, напиша таа.
Таа го коментираше воведувањето санкции во емисија во живо на Мидл Ист ај, каде што изјави дека нејзина загриженост е што луѓе умираат во Газа и дека ОН се целосно неспособни да интервенираат.
„Ах, се чини дека го погодив нервот“, рече таа.
Албанезе, адвокатка за човекови права, гласно повикува да се стави крај на, како што таа го опишува израелскиот „геноцид“ врз Палестинците во Газа, обвинение кое силно го негираа Израел и САД, кои обезбедуваат воена поддршка.
Во средата, американскиот државен секретар Марк Рубио објави на социјалните мрежи дека Албанезе ќе биде додадена на списокот со санкции на САД поради нејзината работа што доведе до она што тој го опиша како нелегитимно гонење на Израелците пред Меѓународниот кривичен суд за, како што рече, наводни кршења на човековите права во Газа.