Мерц ги пофали брзите преговори со СПД и заклучи дека тоа е важен темел за идната соработка. „Заеднички дојдовме до овој договор и мислам дека тоа е добар темел за работата на владата во следниот изборен период“, оцени Мерц.
Тој изрази уверување дека новата влада ќе почне со работа „најдоцна до почетокот на мај“.
„Иднината на нашата земја, нашите граѓани но и иднината на Европската Унија стои“, кажа Мерц. Најверојатниот иден канцелар укажа на новите глобални околности и заклучи дека „многу механизми работат против нас а не во наша корист“.
Мерц како најважни елементи на коалицискиот договор ги истакна намалувањето на даноците, новите инвестиции и вложувањето во инфраструктурата. Како помош на индустријата, особено онаа зависна од евтината енергија, се планира намалување на даноците на електричната енергија.
Меѓу важните точки на договорот, како што истакна Мерц, спаѓа окончувањето на нелегалната миграција и промени во законот кон странците кои вклучуваат и промена на неодамна донесениот закон за државјанство, така што стекнувањето германско државјанство повторно ќе биде можно дури по пет години наместо сегашните три.
Мерц кажа и дека составувањето на владата ќе го намали подемот на десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која во последно време бележи пораст на популарноста.