среда, 10 декември 2025

Фон дер Лаен: Замрзнатите руски средства се најефикасен начин за финансирање на Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен денес изјави дека користењето на замрзнатите руски средства во Европа е „најефикасниот“ начин за финансирање на Украина во следните две години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Одобруваме заем на Украина, кој Украина ќе го врати доколку Русија плати репарации. Ова е најефикасниот начин за поддршка на одбраната и економијата на Украина“, изјави Фон дер Лаен пред Европскиот парламент во Брисел.

Заемот, во вредност од 140 милијарди евра, ќе биде овозможен со мобилизирање на средствата на руската централна банка, од кои поголемиот дел ги поседува белгиската компанија Евроклир. Овие средства изнесуваат приближно 210 милијарди евра.

Претседателката на Европската комисија изјави дека ова решение е „најјасниот начин да се испрати јасна порака до Русија дека времето не е на нејзина страна“.

„Ќе покажеме дека сме подготвени да се обврземе и на долг рок, доколку е потребно“, додаде Фон дер Лаен.

Ова е една од трите опции што ги заговара Европската комисија за финансирање на европската поддршка за Украина, која ќе остане без пари почнувајќи од првиот квартал од 2026 година, меѓу другото, поради крајот на поддршката од САД.

Европската комисија треба да презентира предлог до декември, а Европската унија се надева дека ќе постигне договор на европскиот самит на 18 и 19 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ