Пред полната сала на Европскиот парламент во Стразбур, Урсула фон дер Лаен ја критикуваше позицијата на десничарските пратеници кои предложија гласање за недоверба, наведувајќи дека овие пратеници се против вакцините против коронавирусот и дека се почитувачи на рускиот претседател Владимир Путин.
Потоа таа им се обрати на „проевропските и продемократски“ сили во парламентот, повикувајќи ги да го отфрлат предлогот во четврток, за кога е закажано гласање.
Екстремно десничарскиот романски член на Европскиот парламент, Ѓорѓе Пипереа, го иницираше предлогот со критикување на недостигот од транспарентност на Урсула фон дер Лаен во аферата „Фајзергејт“.
Урсула фон дер Лаен никогаш не ја објави размената на текстуални пораки со извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурл, за време на пандемијата на ковид-19, кога Европската унија преговараше за купување вакцини од американската компанија.
Аферата предизвика критики до Комисијата од страна на разни здруженија и личности, како и од весникот Њујорк тајмс, кои безуспешно побараа пристап до спорните пораки.
Романскиот пратеник, исто така, го осуди мешањето на Комисијата во романските претседателски избори, на кои во мај победи проевропскиот кандидат Никушор Дан.
Иако се очекува Пипере да добие поддршка од делови од крајната десница, вклучувајќи го и Французинот Жордан Бардела, неговиот обид да го собори режимот на Урсула фон дер Лаен се чини дека е осуден на неуспех.






