петок, 19 декември 2025

Фон дер Лаен: Соборувањето на авиони кои влегуваат во просторот на НАТО е „на маса“

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави дека опцијата за соборување на борбени авиони што влегуваат во воздушниот простор на НАТО е „на маса“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нејзиниот коментар доаѓаа откако Русија беше обвинета дека нејзини авиони повеќе пати влегле во воздушниот простор на членките на НАТО овој месец, наводно во Полска, Романија и Естонија.

„Мојот став е дека мора да го браниме секој квадратен сантиметар од територијата. Тоа значи дека ако има упад во воздушниот простор и по предупредување, откако бевме многу јасни, секако опцијата за соборување на авионот што ќе го наруши нашиот воздушен простор е на маса“, изјави фон дер Лаен, а пренесува Политико.

Претседателката на Европската комисија со тоа ја повтори изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во вторникот, кога одговори потврдно на прашањето дали мисли дека земјите од НАТО треба да соборуваат руски авиони во нивниот воздушен простор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ