понеделник, 15 декември 2025

Фон дер Лаен преживеа гласање за доверба во Европскиот парламент

Со 175 гласа „за“, 360 „против“ и 18 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го отфрли предлогот за недоверба на Европската комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лаен.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

За негово усвојување беше потребно двотретинско мнозинство од вкупно 720 членови на Европскиот парламент. Како што е објавено на веб-страницата на Европскиот парламент, гласањето за предлогот се одржа со поединечно гласање.

Меѓутоа, жестоката дебата и денешното гласање ја отворија Пандорината кутија. Поддршката за највисоката извршна функција на ЕУ е понесигурна од кога било, а ова би можело да биде само почеток, пренесува Еуроњуз.

Предлогот за недоверба, поднесен од романскиот европратеник Георге Пипереа, познат по своите крајно десничарски ставови , формално се однесува на одбивањето на Урсула фон дер Лаен да ги објави пораките што ги разменила со извршниот директор на Фајзер за време на врвот на пандемијата на ковид.

Нејзиното одбивање да ги открие пораките наиде на најостра осуда од највисокото правосудно тело на ЕУ, при независно надзорно тело го нарече „лошо управување“.

Предлогот, исто така, ги критикува фондовите на ЕУ за закрепнување од ковид-19, како и правната основа за фондот за одбрана од 150 милијарди евра, заедно со неоснованите обвинувања за мешање во неодамнешните избори во Германија и Романија.

Текстот предложен од Пипереа доби поддршка од 76 истомисленици, националисти и екстремисти, со што се надмина прагот од 10 отсто гласови потребен за предлогот да биде вклучен на дневен ред.

Расправата на пленарната седница со претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен се одржа во понеделникот.

Во острото обраќање пред Европскиот парламент во понеделник, Урсула фон дер Лаен ги исмеа „лажните тврдења за мешање во изборите“ и обидите за „препишување на историјата“ кога станува збор за „како Европа заедно успешно ја преброди глобалната пандемија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ