недела, 6 јули 2025

Фон дер Лаен: Ја повикувам унгарската влада да ја откаже забраната за парадата на гордоста

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен вчера ги повика унгарските власти повторно да ја разгледаат забраната за парадата на гордоста најавена за сабота во Будимпешта и да се откажат од евентуалното казнување на нејзините учесници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Парадата на гордоста“ во унгарската престолнина мора „да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Фон дер Лаен на Икс.

„Испраќам порака до ЛГБТИКју+ заедницата во Унгарија и на други места дека секогаш ќе бидам нивен сојузник“, додаде таа.

Во Будимпешта, од една страна, полицијата ја забрани парадата на гордоста, додека градоначалникот Гергели Карачони противник на претседателот на десничарската влада Виктор Орбан, одлучи да го одржи собирот.

Министерот за правда Бенс Тусон испрати писмо до амбасадорите на другите земји од ЕУ во кое наведе дека ниту тие ниту нивните соработници не треба да учествуваат на парадата. „Правната ситуација е јасна, Парадата на гордоста е забрането собирање“, напиша тој во писмо до кое увид имал АФП.

И покрај забраната, многу европратеници ја објавија својата намера да дојдат во Будимпешта и да учествуваат на парадата во сабота.

Организаторите на парадата очекуваат рекорден број учесници, и покрај тоа што велат Орбан и неговата влада.

Премиерот им советуваше на организаторите „да не се мачат да подготвуваат парада оваа година“. „Тоа е губење пари и време“, рече тој пред гласањето за законските измени со цел да се забрани Прајдот во име на „заштита на децата“.

Забраната беше официјално објавена на 19 јуни, но либералниот градоначалник на Будимпешта вети дека собирот ќе се одржи, тврдејќи дека станува збор за локален настан за кој не е потребна дозвола од властите.

Властите, сепак, побараа парадата да се одржи на затворена локација, како на стадион или хиподром, подалеку од погледот на малолетници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ