Во разговорот со кинескиот премиер Ли Кечијанг Фон дер Лаен ја истакна „одговорноста на Европа и Кина, двата најголеми светски пазари, во поддршката на силен, реформиран пазар, слободен, праведен и заснован на еднакви услови“, соопшти нејзиниот кабинет.
Ли и Фон дер Лаен разговарале за воспоставување механизам со кој би се следело потенцијалното пренасочување на трговијата. Европската Унија стравува дека Кина поради царините на американскиот претседател Трамп ќе ги пренасочи своите евтини производи кон Европа, пишува Ројтерс.
Кинескиот премиер кажа дека двете страни ќе ја засилат комуникацијата и и ќе ја штитат слободната и отворена трговија и инвестициите, пренесува кинеското државно радио. „Кина е спремна со ЕУ да го зајакне меѓусебното политичко почитување“, кажа кинескиот премиер и додаде дека Пекинг заговара решавање на прашањата со дијалог и консултации.
Кина денес го критикуваше Трамп откако тој најави дополнително цари ни од 50 отсто на кинескиот увоз, нарекувајќи го тоа уцена. Американскиот претседател се закани дека од утре ќе воведе 100-отстотни царини на кинескиот увоз во САД ако Пекинг на неговите царини најавени минатата недела одговори со реципрочни царини.
Европската Унија предложи сопствени царини на американските производи како одговор на одлуката на Трамп да ѝ воведе царини од 20 отсто. ЕУ паралелно со САД предложи нулта царини на индустриските производи, но Вашингтон порача дека „тоа не е доволно“ и дека Европа мора да го надомести трговскиот суфицит со Америка.