понеделник, 9 јуни 2025

Фон дер Лаен го нарече израелското бомбардирање на училиште во Газа одвратно

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, го нарече денес израелското бомбардирање на училиште во Појасот Газа „одвратно“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ескалацијата на израелските воени операции во Газа, насочени кон цивилна инфраструктура, вклучително и училиште во кое се засолнети раселените палестински семејства и предизвикувајќи смрт на цивили, вклучително и деца, е одвратна“, изјави Фон дер Лејен во разговор со јорданскиот крал Абдула Втори.

Потсетувајќи дека Европската Унија „го поддржувала и ќе продолжи да го поддржува правото на Израел да се брани“, Фон дер Лаен изјави дека „несразмерната употреба на сила против цивилите не може да се оправда според хуманитарното и меѓународното право“, се вели во соопштението.

Израел мора веднаш да продолжи со испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа, додаде таа.

Најмалку 33 лица загинаа во израелското бомбардирање на училиште во градот Газа, 19 лица загинаа во напад на куќа во Џабалија, соопшти вчера Цивилната заштита на Појасот Газа.

Израелската армија соопшти дека цел на нападите биле терористи во училишната зона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ