Според таа анкета, вкупната поддршка за Трамп изнесува 44 отсто по речиси 100 дена на функцијата, што е значително помалку од Џо Бајден со 54 отсто, Барак Обама со 62 отсто и Џорџ Буш Помладиот со 63 отсто во истиот период на нивните претседателски мандати.
BREAKING: In an insane moment, Fox News has just revealed in their latest poll that the only President to have a lower approval rating than Trump’s first term at the 100-day mark is Trump in his 2nd term.
Worst. President. Ever.pic.twitter.com/p7dpbQinKY
— Really American 🇺🇸 (@ReallyAmerican1) April 23, 2025
Фокс истакнува и дека популарноста на Трамп е пониска дури и во споредба со неговиот прв мандат, кога на 100-от ден од мандатот имал 45 отсто поддршка.
Конзервативниот медиум наведува дека падот на поддршката е најизразен за прашањата на економијата, инфлацијата и царините, а вкупната оценка од 44 отсто претставува пад од 5 процентни бода во однос на март. Трамп најдобри оценки добил за безбедноста на границите, каде 55 отсто од анкетираните ја одобруваат неговата работа. Тоа е воедно единственото прашање во врска со кое рејтингот му е позитивен.
🇺🇸 NATIONAL POLL By Fox News (A)
President Trump
🟢 Approve: 44% (-5)
🟤 Disapprove: 55% (+4)Independents: 26-73%
——
Trump’s net approval on key issues🟤 Inflation: -26
🟤 Tariffs: -25
🟤 Economy: -18 (new low)
🟤 Foreign policy: -14
🟤 Immigration: -1
🟢 Border security:… pic.twitter.com/uRbdGJYfr7— InteractivePolls (@IAPolls2022) April 23, 2025
Околу прашањето на имиграцијата, рекордни 47 отсто ја одобруваат работата на Трамп (48 отсто не ја одобруваат), додека само 38 отсто ја одобруваат неговата работа за економијата (56 отсто не ја одобруваат), што е нов најнизок резултат.
Најлоши оценки добил за инфлацијата (33 отсто одобруваат, 59 отсто не одобруваат), потоа за царините (33 отсто за, 58 отсто против), надворешната политика (40 отсто одобруваат, 54 отсто не одобруваат), даноците (38 отсто одобруваат, 53 отсто не) и оружјето (41 отсто одобруваат, 44 отсто не).
Оваа анкета доаѓа како изненадување, бидејќи вестите кои го прикажуваат Трамп во негативно светло не се вообичаени за Фокс. Имено, тие се познати како протрамповски медиум, со бројни забелешки за пристрасно известување во негова корист и за Републиканската партија.
За време на првиот мандат на Трамп, на пример, Фокс њуз давал значително повеќе простор на неговите интервјуа и позитивното известување, додека критиките кон него биле ретки во ударните термини.