Истрагите се однесуваат на можни злоупотреби поврзани со претходни владини истраги за наводно руско мешање во изборите во САД во 2016 година, на кои американскиот претседател Доналд Трамп ја победи поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, се вели во извештајот.
Истрагата вклучува и наводно давање лажни изјави пред Конгресот, изјавија извори од Министерството за правда за Фокс њуз.
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, доставил докази за злоупотребите на Бренан до директорот на ФБИ, Кеш Пател, за евентуално кривично гонење, соопштија извори од Министерството за правда.
Изворите рекоа дека е примена пријава и дека е покрената кривична истрага против Бренан, која е во тек, но не дадоа дополнителни детали.
Во моментов не е јасно дали истрагата се протега подалеку од неговите наводни лажни изјави пред Конгресот.
Што се однесува до Коми, извори од Министерството за правда изјавија за Фокс њуз дека истрагата за поранешниот директор е во тек, но не може да дадат детали за тоа што конкретно се истражува.
Кривичната истрага не мора нужно да резултира со обвиненија.
Внатрешната ревизија на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) минатата недела откри низа процедурални пропусти во изготвувањето на разузнавачки извештај за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, но не ги доведе во прашање неговите клучни заклучоци.






