понеделник, 15 декември 2025

Флорида сруши рекорд, деветто погубување оваа година, погубен човек кој со мачета ги убил сопругата и децата

Маж осуден за брутално убиство на својата сопруга и две деца со мачета стана деветтото лице погубено во Флорида оваа година, со што државата го собори сопствениот годишен рекорд, а до крајот на август се планирани уште две егзекуции.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Едвард Закржевски, 60, беше прогласен за мртов во четврток откако му беше инјектирана тројна смртоносна инјекција – седатив, средство за парализа и лек што ја запира работата на срцето.

Закржевски беше во исчекување на смртна казна од 1994 година, кога беше осуден за убиство на својата сопруга Силвија и нивните две деца, на возраст од седум и пет години.

Тој претходно им кажувал на други дека попрво би ги убил отколку да ја остави сопругата да го напушти.

Според судските сведоштва, тој прво ја нападнал Силвија со метална шипка и ја задавил со јаже, а потоа ги убил децата со мачета. Кога се посомневал дека неговата сопруга е сè уште жива, и нејзе ја нападнал со мачета.

Закржевски го изгуби последниот обид да ја одложи казната во среда, денот пред егзекуцијата.

Според затворските власти, тој побарал пржени свински котлети, пиво и сладолед како последен оброк. Неговите последни зборови биле:

„Сакам да им се заблагодарам на добрите луѓе од Државата на сонцето што ме убија на најстудениот, најпресметливиот, најчистиот, најхуманиот и најефикасен можен начин. Немам никакви забелешки.“

Противниците на смртната казна истакнаа дека егзекуцијата не требало да се изврши бидејќи поротата во 1994 година гласала со 7 наспроти 5 за смртна казна – што не би било доволно според денешните закони.

Флорида претходно имаше рекорд од осум егзекуции за една година, поставен во 2014 година. Со девет веќе извршени и уште две закажани за 19 и 28 август, веќе е поставен нов рекорд.

Ниту една друга американска држава не извршила повеќе егзекуции оваа година – Тексас и Јужна Каролина се на второто место со по четири.

Вкупно 27 мажи се егзекутирани во САД од почетокот на 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ