сабота, 12 јули 2025

Флорида гради центар за мигранти среде мочуриште, го нарекуваат „Алигатор Алкатраз“ (ВИДЕО)

Флорида започна со изградба на нов центар за привремен притвор на мигранти на напуштена писта среде мочуриштето Еверглејдс. Објектот веќе го доби прекарот „Алигатор Алкатраз“ во јавноста, а проектот го води американската министерка за домашна безбедност Кристи Ноем, јави Би-би-си.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според министерката, објектот ќе биде „во голема мера“ финансиран од средствата на ФЕМА, агенцијата што им обезбедува помош на мигрантите без документи. „Под водство на претседателот Трамп, работиме со полна брзина на економични и иновативни начини за исполнување на она што го бара американскиот народ – масовна депортација на криминални нелегални имигранти“, рече Ноем.

Центарот ќе може да смести до 1.000 луѓе, а изградбата би можела да биде завршена во рок од 30 до 60 дена, изјави државниот обвинител на Флорида, Џејмс Утмаер.

Новиот центар се гради на местото на јавниот аеродром Дејд-Колиер, на околу 58 километри од Мајами.

Во видео објавено на Платформа Икс, Утмаер изјави дека станува збор за „скоро напуштен објект“ и ја нагласи природната непристапност на теренот.

„Ако некој и се обиде да избега, ќе го пречекаат само алигатори и питони. Нема каде, нема каде да се скрие“, рече Утмаер. Проценетите годишни трошоци за работење на центарот се околу 450 милиони долари.

Планот веднаш предизвика жестоки реакции. Градоначалничката на округот Мајами-Дејд, демократка Даниела Левин Кава, предупреди дека изградбата во толку чувствителна област може да има „разорни последици за екосистемот Еверглејдс“.

Иако официјалните лица нагласија дека објектот нема да биде сместен во границите на Националниот парк Еверглејдс, загриженоста останува. Станува збор за ретка мочуришна област која вклучува разновидни природни системи, од мангрови до речни брегови, и е дом на бројни заштитени видови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ